Осуди за резолуцијата на Европскиот парламент:„Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема“!
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017 08:27
Македонско друштво „Илинден“ одТирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ), усвоен од Европскиот Парламент (ЕП), во делот каде што по предлог на бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се потврдуваат како Бугари, со препорака: „тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија“.
„Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден„-Тирана, огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема!
Исти така тие потсетуваат дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат „Бугари“, туку само Македонци.
Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо од албанската и македонската влада бара да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари.
Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“”-Тирана, огранок Голо Брдо извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија усвоен од ЕП во делот за Македонците како Бугарија го смета за груба повреда на меѓународното право, универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ во Албанија.
Апелираме до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија“, се вели во соопштението на друштвото Илинден – Тирана и огранокот во Голо Брдо.-Албанија .
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




