Осум нешта што мора да ги имате на канцелариското биро
Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2013 11:34
Телефонот може да се испразни до крајот на работниот ден, затоа секогаш имајте полнач со вас. Нема да ви се случи непријатно изненадување поради празна батерија да не можете да остварите итен повик.
Шише вода
Иако знаеме дека треба да пиеме доста вода, повеќето од нас не го прават тоа. Дехидрираниот мозок е „несреќен“ мозок кој не може да мисли брзо и јасно. Пијте повеќе вода за на работа да бидете фокусирани и продуктивни.
Здрави грицки
На работа често сте опкружени со нездрава храна. Иако нешто чоколадно нема многу да ви наштети, секако дека ќе се одрази на вашата линија. Затоа на маса имајте здрави грицки.
Хартиени марамчиња
Колку пати ви се случило да кивате на работа, а немате марамчиња на дофат? Секогаш имајте при рака пакување хартиени марамици и така ќе спречите непријатности.
Фотографии од драги личности
Тоа што вашите најблиски не се со вас, не значи дека не теба да мислите на нив. Фотографии од семејството, пријателите или домашните миленици влијаат подобро да се справите со стресот. При моменти на незадоволство доволно ќе биде да ги погледнете тие фотографии.
Гуми за џвакање
Дали за ручек одбирате сендвич со туна? Вашиот избор ќе го почувствуваат и вашите колеги. На работа често доаѓаме во интеракција со други луѓе, па најдобро е со средства за свеж здив да спречите некои непријатни ситуации.
Козметички и средства за лична хигиена
Не е на одмет во некоја фиока да имате дезодоранс, течност за испирање на устата, како и некои други производи за лична хигиена. Сетоа тоа ви треба во случај после работа да треба да отидете на љубовен состанок.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




