18 Декември, 2025
0.0460

Освен работа и пари, Авганистан на кумановци им донесе и мешани бракови

Објавено во: Македонија 13 Март, 2018 06:15

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните на Куманово кои изминативе години или пред повеќе од една деценија беа на печалба во Авганистан, склучиле бракови со луѓе  кои таму ги запознале, а кои потекнуваат од БиХ, САД,  Шпанија, Филипини, Албанија, па се до Мексико и Тајланд. 

Некои од луѓето кои стапиле во мешан брак, заедничкиот живот го продолжиле во земјата од каде потекнува брачниот партнер, но дел од нив останале да живеат во Македонија.

„Со сопругот се запознавме во Хјустон, Тексас во 2004 година, кога тргнавме на работа во Авганистан. Во тоа време се одеше преку Узбекистан, а поради тоа што таму не беше безбедно се задржавме повеќе од еден месец во САД. На почеток мислевме дека станува збор за минлива врска, но откако дознавме дека одиме во иста воена база, љубовта се зацврсти и по две години решивме да живееме заедно. Познавам и други двојки кои решиле да живеат заедно и кои се од мешан карактер, по верска, национална и друга основа и тие како нас сè уште се заедно. Симптоматично е тоа што скоро сите се одлучуваме за живот тука. Една од причините секако е нискиот животен стандард за кој сме „наоружани“ со виски плати од проектите од Блискиот Исток. Ама неретко причината е линијата на помал отпор, претворена во џеболебарски живот, седенки, баба и дедо ќе ни го чуваат детето“ – вели И.А.  која е во брак со Американец.

Таа објаснува дека иако многумина мислат дека ако се во брак со Американец би си заминале од земјава и би се „спасиле“ сепак на крајот или остануваат овде или се враќаат. Вели дека ние како народ сме интересни за другите нации, а на овие простори доколку е безбедно тогаш е едноставно да се живее убаво.

Според неа, тука традиционалните вредности имаат шарм и не можат да се споредат со шопинзи или кредитни картички на богатите сопрузи.

„Познавам жена која седум години работеше во Авганистан, запозна Американец таму, се омажи и сега се во Америка, каде исто така работи“ – објаснува Бобан Николовски од Куманово.

Сузана Андоновиќ која исто така работела во Авганистан, вели дека не се само мешаните бракови, туку има и пријателства со луѓе од различни земји кои траат со години.

„Таму има луѓе од Америка, Кенија, Индија, Грузија, Узбекистан, Косово, Босна, Македонија. Нема вера и нема националност, сите се дружат, сите се блиски и тоа е чудо. Јас имам многу блиска жена од Босна која ми беше како мајка, и 10 години по печалбата се слушаме, и еден ден ќе се видиме. Секој ден далеку од дома,  без семејството, рамо за плачење и утеха во тешки денови. Секој празник, роденден, добри или лоши денови, преку интернет ние пак сме заедно“- вели Андоновиќ.

За двојките кои се запознале во далечниот Авганистан, вели дека дел се иселиле  во Америка, а oстанатите живеат во Македонија.

И ден денес дел од граѓаните на Куманово се во Авганистан во борбата за егзистенција и едно подобро утре на нивните семејства. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје