06 Октомври, 2024
0.0340

ОТЧЕТ НА ГРУЕВСКИ: „Се што ветивме – реализиравме!“

Објавено во: Економија 16 Март, 2014

Добивај вести на Viber

На вкупно 258 страници премиерот во оставка Никола Груевски поднесе отчет за сработеното во мандатот од 2011 до 2014 година - се пофали дека 1.009 проекти планирани пред последните парламентарни избори се веќе реализирани, 329 се во тек, а 38 биле планирани, но не се почнати. Во 45-минутен говор пред целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, лидерите на неговите помали коалициски партнери, но и голем број државни функционери и поддржувачи на неговата партија, Груевски ги обраложи проектите на кои работела Владата во изминатиот мандат. „При сите наши конкретни дела, труд, работа, мерки во областа на економијата, земјоделието, социјалната сфера... опозицијата во Македонија ниту еднаш не собра сила и доблест да поздрави барем еден проект. Се што ќе направиме безочно критикуваат, со гнев напаѓаат, ги потценуваат граѓаните и тврдат дека не постојат дела“, рече Груевски. Во економскиот дел, Груевски се пофали со извозот кој за првпат ја надмина вредноста од три милијарди евра и со стапката на државен долг од 36,4% што ја прави Македонија четврта најмалку задолжена земја во Европа. „Околу 25 проценти од извозот се создава во новите капацитети кои се изградија во технолошко-индустриските развојни зони -„Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“, „Кемет Електроникс“, „Кромберг и Шуберт“, „Дрекселмаер“, „Ван Хол“, „Текнохозе“, „Продис“ , „Гришко“, „Амфенол“...“, рече Груевски и најави нови странски инвеститори во наредниот период. Меѓу владините успеси тој ги наброја и покачените пензии, субвенциите во земјоделството, помошта во социјалната сфера на невработените, на социјалните случаи, на децата без родители, намалувањето на невработеноста која, како што рече, за прв пат по 17 години е намалена на 28,7 проценти, реформите во образованието, судството, инвестициите во здравството... Како клучни инфраструктурни проекти ги издвои трите автопатски делници на кои веќе се работи, како и изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Целиот отчет можете да го прочитате на следниот ЛИНК Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип