19 Декември, 2025
0.0688

Отфрлени 5 од 5 приговори на СДСМ, два се повлечени остана уште еден

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 16:24

Добивај вести на Viber

Од поднесените досегашни приговори на СДСМ во „игра“ останува уште еден, откако ДИК им одби 5 од 5 разгледани, а самите си повлекоа два приговора за изборна измама, нерегуларности и неточни податоци во гласачкиот материјал. Државната изборна комисија го отфрли и петтиот приговор на СДСМ и Коалицијата, за разликата на гласови во изборното место 1.978 во шестата изборна единица.

За отфрлање на приговорот гласаа 7 членови на ДИК, додека за прифаќање на приговорот гласаа двајца.

Претставникот на СДСМ и Коалицијата во образложението наведе дека на избирачкото место 1.978 имало повреда на законите во однос на гласањето, броењето на гласовите и утврдувањето на резултатите. СДСМ приговарал и во Општинската изборна комисија.

Членовите на ДИК го споредија записникот со доказниот материјал.

Игор Митев од СДСМ побара увид во гласачкиот материјал.

Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема разлика меѓу гласачите. Тој се посомнева и во приговорот даден на општинската комисија.

Атанас Урумов, експерт, во својата дискусија не се согласи да се отвори изборниот материјал.

- Се работи за едно гласачко ливче, а за тоа нема потреба ние да вадиме сега доверлив материјал за една корекција. Констатирано е едно ливче помалку – рече Урумов.

Виолета Дума рече дека нема потреба со толку емоции да се расправа за приговорот и забележа на различните аршини на ДИК околу записниците.

- Имаме записник кој е коригиран само од претседателот, но го немаме првичниот записник кој во овј случај не е ист. Постапката ние како ДИК ја прифаќаме и дозволување да прифатиме коригиран записник со печатчина кои се кај претседателот, а реагираме кога политичка партија приговара на ваков записник – рече Дума.

Силвана Бонева забележа дека и овој приговор на СДСМ е доставен откога се виделе резултатите, а преправката на записникот е направена според препораките.

- Десет овластени претставници на партии се потпишале на записникот, а притоа утврдиле дека има утврдено 443 гласови. Кога записникот е потпишан, сите бројки се усогласени. Нема преправки на броевите во записникот – рече Бонева.

Бонева обвини дека приговорот до општинската изборна комисија е лажен и побара да се отфрли приговорот.

Со надгласување беше отфрлен и предлогот да се направи увид во материјалот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки