Отфрлени сметките на изборната кампања на Никола Саркози
Објавено во: Свет 21 Декември, 2012
Националната комисија за контрола на сметките на предизборните кампањи и јавното финансирање ја отфрли сметката на предизборната кампања на Никола Саркози за претседателските избори во 2012 година.
Според информациите на неделникот „Експрес“, се покажало дека сметките на Никола Саркози ја надминале легалната сума од 22 509 000 евра.
Одлуката на Комисијата наскоро ќе му биде доставена на поранешниот претседател Никола Саркози и пренесена до Уставниот совет на Франција, пишува неделникот на својата интернет страница.
Никола Саркози ќе можи во рок од еден месец да поднесе жалба. Ако се потврди отфрлањето на предизборните сметки на Никола Саркози, партијата која ја финансираше и го поддржуваше Никола Саркози – УМП ќе загуби 11 милиони евра субвенции од државата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.