Отфрлено барањето на Груевски - Врховниот суд го оцени како недозволено
Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 12:38
Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд и пресуда на Апелациониот суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар“.
- Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело: Насилство од член 386 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021 - се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека Врховниот суд до Судот доставил решение со Квп2 48/2022 со кое Советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




