25 Ноември, 2024
0.0266

ОТИДОА КУП ПАРИ: Граѓани споделуваат неправилности со изнајмувањето на електричните тротинети

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Проектот за изнајмување електрични тротинети не помина без скандали. И ова е само еден дел од скандалите поврзани со тотинетите што ги изнајми ЈП „Градски паркинг“ од турската фирма „BinBin“.

Еве што доживеало едно семејство од само едно изнајмување на електричен тротинет.

„ Со постов сакам да ви го свртам вниманието и да ви споделам едно горко искуство од синоќа со Bin Bin градскиве тротинети. Синоќа ќерка ми изнајмила тротинет. Го активираш тротинетот односно сесијата, го возиш тротинетот, застануваш, го сликаш каде е, апликацијата го лоцира кодот од тротинетот, ја завршуваш сесијата и готово. Е ама не е готово. Неприметно копчето End Ride повторно се враќа за кратко време во функција. Сесијата као завршува, барем таков впечаток добиваш но броењето на пари во позадина не завршува. Се појавува функционален баг во апликацијата кој истата не ја застанува и не ја регистрира сесијата на сервер туку само во самата апликација. На сервер си работи. Ти кажува дека се' е во ред, тротинетот е заклучен, повторно го става во mode да стиснеш unlock ако сакаш пак да го активираш, а во позадина апликацијата си работи и си брои пари. Можеш да приметиш на главниот екран од акаунтот дека брои време како да е сеуште букиран тротинетот, а со тоа и дека ти брои средства. Сакаш повторно да го сликаш тротинетот и да стиснеш End Ride. Не ти дозволува да го направиш тоа. Залудно се трудиш. Не е битно дали ставаш во wallet претходно или плаќаш веднаш цел износ со комплетно префрлање средства на крајот од возењето. Таа секако си брои. И во wallet кога ќе ги надмине средствата не застанува. Сеуште си брои. Да платиш не можеш, сесијата не можеш да ја сопреш иако претходно си активирал End Ride за да ја завршиш услугата. Пишувам за нашиот случај од синоќа. Не за секој друг случај. Да не се сфатиме погрешно. Значи апликацијата си брои без оглед на се'. Ако не приметиш дека по заклучувањето на апликацијата и заклучениот тротинет апликацијата си брои во позадина отидоа куп пари. Нема како да го прекинеш бидејќи според апликацијата тротинетот е веќе во мирување и е заклучен. Не можеш два пати да го заклучиш. Толку. Ама пари и понатаму си брои. Треба да се бркаш со Help центарот online со допишување цела вечер за да успееш да го прекинеш броењето. Допишувањето е стриктно на англиски (сепак некои луѓе не знаат англиски) или турски ( Bin Bin е турска фирма). Во меѓувреме апликацијата си брои пари. Не е важно што тротинетот си го заклучил и оставил, а во меѓувреме друг го превземал. Ти се мачиш со апликацијата, кај тебе стои на unlock активен кодот, го гледаш како заклучен, а веќе некој друг го изнајмил и си го вози. Тебе сеуште ти брои пари како да го возиш. Полиција не може да ти помогне (и тоа го пробавме) бидејќи немаат никаков контакт со тоа. Реално се сложувам дека не е во нивна надлежност ниту пак се запознаени со некаква процедура врзана за ова. Ама воопшто не ги обвинувам. Беа максимално културни но едноставно не можеа да ни помогнат. Сакам да кажам ти нема помош. Физички немаш каде да се обратиш. Само губиш време ако стоиш. Тоа продолжува да си брои пари. Апликацијата си има багови, си работи во позадина и му генерира податоци на серверот дека ти сеуште активно си го возиш тротинетот. И додека ти се бркаш со Help центарот тоа си брои пари, нема како да си ги вратиш парите или поништиш екстра направениот долг во меѓувреме додека се бркаш со Help центарот. Се' е online, физичко лице нема со кое можеш да контактираш, поддршката е online и најверојатно не е ниту во Македонија (не тврдам). Незаштитени ти се средствата комплетно. Нема каде да се пожалиш. Не постои ништо. Сигурно постои некое физичко лице кое е регистрирано во државава како претставник и толку. Ги истурил тротинетиве по улица и крај. Се' е друго online и практично физички не постои и си немоќен ништо да направиш. Ајде само една мала калкулација. Замислете вашето дете еднаш во 10 дена решило со вашата картичка која сте му ја дале да плати за возењето. Завршува со возењето, слика, праќа и готово. Се е во ред. Навидум. Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални багови на една апликација кои не настапуваат секогаш, може скоро никогаш да не се појават но може во еден период да се појават често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во работа истата, не биле пронајдени тие багови што е во случајов еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот. И замислете се појави таков функционален баг како синоќа што се случи со апликацијата на ќерка ми. Си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака да се вози, приметува дека таа си брои. 9ден е минута. За 24ч ќе ви набилда 13000ден. За 10 дена 130000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема кај да се обратите. Сметката е направена мора да си ја платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е коси кубење. Се е залудно. Уште и извршител ќе ви се јави да си платите долг. Значи за наплата се' е средено. Во рок од неколку дена (има рок, не сум во потполност сигурен кој е вистинскиот) треба да си го платите долгот. Во спротивно ќе си имате присилна наплата. Додека не го платите долгот не можете да избришете картичка, не можете да избришете акаунт. Не можете да се сокриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборам ништо на памет. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка. Му благодарам и за тоа. Парите ги плативме и сето екстра кое како сметка се направи од страна на апликацијата во меѓувреме додека лутавме. Уште требаше да бидеме и среќни што не беа повеќе пари за плаќање. Па и бевме верувајте. До толку е работава. Бричен, нецеливан е цела ситуација. Многу јака голгота. Внимавајте со апликацијава. Ми се чини дека во случајов залудна е и Агенцијата за заштита на корисници. Поздрав...“, напиша незадоволниот корисник на својот Фејсбук профил.


ФОТО: Градски паркинг

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ