ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024
Притвор му е одреден на скопјанец, затоа што бил да служи во руската војска. Тој ќе помине 30 дена во куќен притвор.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра. По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23 септември годинава потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина.
На 9 декември годинава е извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети.
Повеќе српски државјани загинаа на боиштето во Украина.