23 Декември, 2024
0.0319

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишниот Ф.З. за убиство на 28-годишната Емилија во ноември во штипската месност Суитлак.  Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

„Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица“, објави Обвинителството.

Насилникот пред извесно време излегол од затвор и наместо да се врати ресоцијализиран, го извршил најтешкото кривично дело убиство. Обвинителството покрена истрага, а судијата во претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Ф.З. со голи раце ја удави својата партнерка во близина на штипската зоолошка градина. Според истрагата, мотивот за убиството била љубомора. Пред да ја задават во нејзината куќа, двајцата се расправале, по што осомничениот убиец почнал да ја тепа и на крајот и го одземал здивот задавувајќи ја до смрт. Откако ја убил, отишол во полиција сам да се пријави. 

Семејството на Емилија откри дека го известиле и Центарот за социјални работи и полицијата, но наместо превентива од надлежните, стигнала најлошата вест: дека нивната ќерка е убиена.


Можеби ќе ве интересира

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

„КЛАНОТ МЕМЕДИ ГИ ИГНОРИРА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: Левица бара Таравари да го разреши директорот на Детска клиника

„КЛАНОТ МЕМЕДИ ГИ ИГНОРИРА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: Левица бара Таравари да го разреши директорот на Детска клиника

ТРАГЕДИИТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ПРОДОЛЖУВААТ, А ИЗВЕШТАИТЕ СÈ УШТЕ СЕ ПИШУВААТ: Кога ќе се делува, ќе има ли одговорност?

ТРАГЕДИИТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ПРОДОЛЖУВААТ, А ИЗВЕШТАИТЕ СÈ УШТЕ СЕ ПИШУВААТ: Кога ќе се делува, ќе има ли одговорност?

ВНИМАВАЈТЕ СО ПЕТАРДИТЕ: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?

ВНИМАВАЈТЕ СО ПЕТАРДИТЕ: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?