23 Декември, 2024
0.0334

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Либерално-демократската партија(ЛДП) бара забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи. 

ЛДП уште еднаш потсетува на предлогот кој лани го достави до МОН непосредно по немилите настани во соседна Србија, со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржини кои поттикнуваат насилство.

„Апелираме до сите вклучени страни за започнување на итна постапка за регулација и контрола на содржината на социјалните мрежи, со цел спречување и избегнување на идни вакви немили настани и несакани состојби, особено кога се работи за здравјето и добросостојбата на нашите деца. Не смееме да дозволиме уште деца да бидат жртви на злоупотребата на Тик-Ток и останатите социјални мрежи“, велат од ЛДП. 

Република Албанија е првата држава во регионот која го забранува Тик-Ток, откако премиерот Еди Рама директно ги обвини социјалните мрежи за споделување и поттикнување на насилство меѓу децата во и надвор од училиштата, а кулминираше со смртта на 14-годишно момче во ноември. Франција, Германија, Белгија и други земји веќе имаат воведено рестриктивни мерки на сила за регулирање на употребата на социјалните мрежи од страна на малолетниците.

Во Македонија, повеќе деца беа повредени додека го изведуваа предизвикот „Супермен“, каде најмладиот од повредените има само 10 години. 

Според албанскиот премиер Рама, одлуката на неговата влада за забрана на платформата на една година не е избрзана реакција на обичен настан. Во Албанија одлуки носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот Тик-Ток.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата