Откажан митинг во Гостивар поради фатална сообраќајна несреќа

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024
Коалицијата „Вреди“ го откажа предизборниот митинг предвиден за вечерва во Гостивар откако познат фотограф и уметник од истиот град Едмонд Амзаи денеска загина во сообраќајна несреќа во Велес.
Едмонд Амзаи е сопственик на Фото студио Акон од Гостивар, а роден во 1981 година. Неговата смрт предизвика некои од политичките субјекти да ги прекинат активностите на претседателската кампања.
„Почитувани медиуми, ве известуваме дека Митингот на Коалицијата Вреди закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!“, соопштија од Вреди.
Можеби ќе ве интересира
И ТРЕБА ЛИ ОД ТАКВИ КО ВАС ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ЗА НАРОД СЕ ГРИЖИТЕ? Д-р Лазаров им се обрати на пратениците, „срам ми е од секој еден од вас!“

СТОЧАРИТЕ ЧЕСТО СЕ ДВИЖАТ ВО ШУМА: Како да се заштитат од евентуален напад на мечка?

ОПАСНИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОД 19 ВЕК ,СЕГА ВО ЗАГРИЖУВАЧКИ РАЗМЕРИ, МЛАДИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЖРТВИ: ХЕРА обезбедува бесплатни тестирања

ЈАС НЕ СУМ СЕ ДРЗНАЛ ДА КАЖАМ ДЕКА ЈАЗИКОТ НА ГЕГИТЕ И НА ТОСКИТЕ Е РАЗЛИЧЕН, А ВИЕ СТЕ СЕ ДРЗНАЛЕ: Димовски без влакна на јазикот кон Беџети

„ГО УКИНАА ВО 2019 БИДЕЈЌИ ПОТСЕТУВАЛО НА ГРУЕВСКИ“: Екс премиерот распали за Заев, „троши проневерени евра во Емиратите, Сингапур, Индија, Малезија, Грција“

ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВЕ ЛИЦА: Одземени се 4,5 килограми кокаин од групата на Штекли

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител, а Коцевски тврди дека работел по закон
КОЦЕВСКИ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН: Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
