Откажана евакуацијата во Дебаљцево, населението во страв
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 11:01
Евакуацијата во Дебаљцево на истокот од Украина е откажана поради безбедносни причини, вели претставник на Министерството за одбрана на Народна Република Доњецк Едвард Басурин.
Тој рекол дека нема да има евакуација бидејќи се стравува за цивилите и организаторите на евакуацијата, пренесва Танјуг.
„Луѓето се обидуваат сами да одат колку се во состојба тоа да го направат, а народната војска им помага“, рекол Басурин.
Додава дека украинските сили ја искористиле евакуацијата на цивилите за да допремат муниција во тој регион.
Басурин изјавил и дека украинските сили вчера во 39 наврати бомбардирале градови на територијата на Народна Република Доњецк и дека во тие напади загинале шест, а повредени се 15 лица.
Вчера од Дебаљцево се евакуирани нешто повеќе од 600 мештани, додека околу 2000 останале во тој град, во кој во текот на вчерашниот ден се водени борби на неколку пунктови.
Дебаљцево е клучна железничка врска помеѓу двете главни жаришта на проруските сили Луганск и Доњецк, кој со денови го опсипуваат со артилериски оган..
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




