Откриена најголемата измама во земјоделскиот и прехранбениот сектор!
Објавено во: Агробизнис
11 Септември, 2014 19:43
Добивај вести на Viber
Производителите на едно од најценетите и најскапите тоскански вина Брунелo од околината на Монталчино останаа шокирани кога полицијата им соопшти дека во последен момент е спречена продажба на околу 220.000 фалсификувани шишиња вино од овој наградуван вински бренд.
Познат експерт за вино му продал локално вино со полош квалитет на производителот задолжен за зреење и продажба на црвеното вино Брунелo ди Монталчино, извести полицијата во Сиена.
„Станува збор за досега најголемата измама во прехранбениот и земјоделскиот сектор“, рекол шефот на полицијата Лука Албертарио.
Кога измамата била откриена, виното уште се наоѓало во буриња за зреење, но да не било така, оргиналните шишиња со фалсификувано Брунело би стигнале на трпезите во многу ресторани во целиот свет.
Вредноста на околу 160.000 литри фалсификувано Брунело ди Монталчино, доколку виното се најдело на пазарот, можела да достигне износ од пет милиони евра.
Засега е покрената истрага само против еден познат енолог, а конзорциумот за вина Брунело ди Монталчино и италијанската покраина Тоскана ќе покренат тужба против него.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?