05 Декември, 2025
0.1779

Откриени неправилности при работењето кај уште еден увозник на електрична енергија

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2012 15:22

Добивај вести на Viber

Уште еден случај утврди Царинската управа на неправилности при работењето кај компанија увозник на електрична енергија. При контролата откриено е дека компанијата нема поднесено увозни царински декларации за дел од увезената електрична енергија со што избегнала плаќање на давачки во вкупен износ од околу 262,6 милиони денари. - Од увезените 1.047.554 Mwh електрична енергија, констатирано е дека 417.511 Mwh со вредност од 20.686.762 евра, се бесправно отстранети од под царински надзор без да бидат платени давачки согласно закон. Со вакво постапување фирмата избегнала плаќање на давачки во вкупен износ од околу 262.6 милиони денари (4.3 милиони евра) од кои околу 229 милиони денари на име ДДВ и 33.6 милиони денари на име камата и компензаторна давачка, се наведува во соопштението. Од Царинската управа информираат дека за утврдените неправилности се донесени решенија за дополнителна наплата на царински долг и оти ќе биде поднесена и соодветна пријава. Претходно, беа утврдени неправилности во работењето кај тројца увозници на електрична енергија од Скопје за што беа донесени решенија за дополнителна наплата на царински долг во вкупен износ од околу 113 милиони денари. Решенијата за наплата на давачки за четирите компании изнесува 375,6 милиони денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември