19 Декември, 2025
0.0430

Откријте ги предностите на онлајн услугите на Халкбанк: Онлајн кредит и Онлајн депозит

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 10:57

Добивај вести на Viber

Брзиот технолошки развој во последниве децениидоведе до вистинска дигитална револуција во сите сегменти на секојдневието. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е изземено ниту банкарството. Дигиталната револуција придонесе интензивно да се инкорпорираат придобивките од истото и во банкарскиот сектор така што денес, во современото банкарство, интернетот и мобилното банкарство сè повеќе стануваат примарен канал на комуникација.

Технолошкиот развој и константното следење на потребите на клиентите резултираше со тоа Халкбанк, како модерна финансиска институција и една од предводниците на имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови, постојано да воведува нови дигитални производи и услуги. Токму такви се Онлајн депозитот и Онлајн кредитот со кои Халкбанк ја потврди својата лидерска позиција во воведување нови иновативни производи и услуги. И двата производи се наменети за физички лица, со кои лесно, брзо и едноставно,  без посета на филијала, клиентите можат да започнат да штедат или да дојдат до потребните финансиски средства. Заедничко за овие два производи е тоа што клиентот е потребно да е корисник на електронско банкарство на Халкбанк.

Со Онлајн депозитот може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Банката за овој производ нуди можност за орочување на средства на 6, 12 и 24 месеци, со атрактивни фиксни каматни стапки кои се движат до 2% годишно за штедење во денари на рок од 24 месеци, односно до 1% за штедење во евра на рок од 24 месеци. Кај Онлајн депозитот износот кој се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати, а каматата на орочениот депозит се исплаќа на крај на периодот на орочување.

Онлајн кредитот е наменет за корисници на електронско банкарство кои истовремено се и приматели на плата или пензија во Банката. Максималниот износ за аплицирање е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 6,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Кредитот е без БЕЗ провизија за обработка, БЕЗ провизија за предвремена ликвидација и БЕЗ трошоци за апликација за кредит. Постапката за аплицирање за онлајн кредитот е навистина куса, а истовремено и безбедна, договорот за кредитот се потпишува во електронска форма, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот е во рок од 5 минути.

Доколку ви се потребни средства или пак, имате пари кои ви стојат дома или на сметка како заштеда, а не сакате или немате време да посетите некоја експозитура, не двоумете се – влезете во дигиталната ера и земете кредит или формирајте штеден влог брзо и едноставно, од својот компјутер или мобилен телефон. Токму тоа го овозможуваат Онлајн кредитот и Онлајн депозитот на Халкбанк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии