05 Декември, 2025
0.0571

ОТКУП НА ДОМАТИ: Дали владината мерка ќе ги спаси земјоделците?

Објавено во: Агробизнис 29 Јуни, 2015 08:33

Добивај вести на Viber

Владината мерка за решавање на откупот на вишокот домати е добра, но проблемот со пласманот на земјоделски производи треба да се решава системски, коментираат дел од преработувачите на зеленчук. Посочуваат дека мерката е краткорочна, бидејќи  проблемот е сложен и треба да се реши системски и долгорочно. Дел од преработувачите на зеленчук сметаат дека од најавената количина за откуп ќе можат да земат околу 30 отсто. -Ние немаме некој заеднички став, состојбата е инцидентна и многу посложена. Проблемот треба да се реши системски, да се направи димензионирање на понудата и побарувачката на пазарот, со што располага Македонија, колкаво производство, колкава потрошувачка, колкав е извозот, колку се потребите на преработувачката индустрија. Тоа е проблем кој се провлекува со години, ние сега ќе излеземе во пресерет, ама на овој начин само гаснеме пожар.Ова не е системска мерка. Точно дека ако не е оваа мерка земјоделците ќе ги фрлат доматите, и ние во случајот може ќе искористиме да преаботиме дел. Но овој домат по составот не е за преработка, нема толку суви материи, на пример во споредба индустрискиот кој има многу поголем процент на суви материи. Дали и колку ќе се откупи не можеме да кажаме, но од тие околу 1.000 тони што ги кажаа сметкам дека околу 30 отсто ќе се откупат, и мислам дека на тој начин малку ќе се релаксира пазарот, вели Виктор Петков сопственик на компанијата “Випро”. Земјоделците стравуваат дека преработувачите на зеленчук нема да можат да го откупат целиот вишок на домати. Според проценките на земјоделците вишокот е околу 3.000 тони, а според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков проблематичен е откупот на околу 1.000 тони домати со втора класа квалитет. Дел од земјоделците велат дека доматите кои треба да бидат откупени од преработувачите на зеленчук според процентот на застапеност на суви материи не одговараат на потребите на конзервните фабрики, и поради тоа не очекуваат дека целиот вишок ќе биде откупен. -Оваа мерка што сега се донесе не беше таа за која што зборувавме кога министерот беше во Струмица. Ние баравме државата со приложување на кантарна белешка од страна на земјоделците,  да ја плати разликата до 22 денари, цена која ја сметаме за прозводна. Ние стравуваме од манупулации. Прво овој домат што е вишок не е за преработувачката индустрија бидејќи има помал процент на суви материи од индустрискиот домат и мислам дека преработувачите од тие причини нема да сакаат да откупат големи количини, што е и нормално оти тој домат не одговара за преработка. Очекувам и дека дел од земјоделците нема да ги однесат доматите во конзервните фабрики оти мислам дека се надеваат дека некој ќе им ги откупи, вели Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделци. Преработувачите потврдуваат дека овие домати не се за преработика и дека во нормални услови не би откупиле суровина која не одговара на нивните потреби. Од Македонската Асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук, велат дека конзервните фабрики имаат капацитет да го откупат вишокот домати. -Ние сеуште не сме почнале со откуп, а состојбата на терен постојано се менува. Мислам дека овие 1.000 тони што ги кажа и министерот конзервните фабрики имаат капацитет да ги откупат.  Точно е дека овој домат не е како индустриксиот домат и во нормални услови не би го откупиле за преработка, но сега ние ќе излеземе во престрет, вели Киро Јовов претседател на Македонската Асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук и сопственик на компанијата “Агоркомерц-92” од Струмица. Од конзервната индустрија велат дека вообичаено откупот на иднустриски домати почнува од август, засега не е познато кога ќе почнат со интревентниот откуп на вишокот домати. За земјоделците прифатлива е мерката од Платежната агенција Земјоделците велат дека за нив прифатлива е мерката која деновиве ја најави директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ која изјави дека ќе се преземат две мерки за хипер произвоидството на домати, со што на македонските производители ќе им се помогне. - Тоа е мерката техничка помош со која ќе се поддржат извозниците на домати, а втората мерка е наменета за производителите на домати, која ќе оди преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно ќе се субвенционираат производителите на домати дополнително од она што веќе им следува, по хектар производство, без оглед дали се произведени на отворено или во стакленици, изјави Вуковиќ. Земјоделците велат дека со овие мерки може да се реши проблемот. -Мерката што ја предложија од Агенцијата е прифатлива и таа не е задоцнета,со таа мерка на нас земјоделците најмногу ќе ни се помогне, вели Велков. Според дел од агроекономистите земјоделците можат да си обезбедат  сигурен пласман на производите и да им се спротистават на трговците и прекупците  единствено преку окрупнување, односно формирање на земјоделски задруги и кластери преку кои со договори ќе настапат заеднички на пазарот. Во сегашниот случај агроекономистите сметаат дека Владата не може да помогне бидејќи Македонија е членка на ЦЕФТА и има договор за слободна трговија  со другите земји членки. Минтата недела Владата донесе времена мерка за решавање на проблемот со откупот на домати, според која до 15-ти јули доматите што се набрани поодамна и што се втора класа треба да бидат откупени од страна на преработувачите од конзервната индустрија. Земјоделците за килограм предадени домати во конзервните фабрики ќе добијат субвенција од 6,5 денари. За спроведување на мерката според проценките на Владината од буџетот ќе се одвојат околу 70 илјади евра. Министерот Цветков тогаш изјави дека се работи за количина од околу 1.000 тони домати, и посочи дека доматите што допрва ќе се берат ќе бидат без проблем извезени. Според земјоделците хаосот со откупот и ниските цени на градинарските производи се случи поради големиот увоз на земјоделски производи особено Албанија. Но, од ресорното министерство изјавија изминатите две недели од Алабанија влегле пет камиони. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?