Откупени повеќе од 70.000 тони пченица, која е цената?
Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2016 13:40
Откупени се 70.200 тони пченица со просечна откупна цена од 8,56 денари за килограм.
Оваа година од ожнеаните 81.000 хектари добиен е род од 306.000 тони. Тоа е зголемување за 60% во споредба со лани.
Земјоделците годинава се субвенционираат за складирање на пченицата во силоси со 80% од трошоците за чувањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец, а парите се исплаќаат на секои два месеци.
И претходно беше соопштено дека цената на пченицата, во зависност од квалитетот ќе се движи од 6 до 9,5 денари, односно просечната цена е од осум до 8,5 денари.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев на почетокот на месецов кажа дека дел од земјоделците се задоволни, а дел не се.
Оваа година ќе биде запаметена по богата реколта и квалитетен род.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





