Откупот на пченицата за стокови резерви ја зголеми цената
Објавено во: Македонија 26 Август, 2025 14:43
Благ пораст на цената на пченицата пријавуваат земјоделците по почетокот на откупот количините планирани за стокови резерви од страна на Владата.
Како што посочуваат упатените, откупот на пченицата за стоковните резерви предизвика зголемување на цената на лебното зрно за еден денар.
Потпреседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви.
- Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше за прва класа. Оваа година, бидејќи беше многу сушна, мислиме дека пченицата повеќе ќе се користи и за исхрана на стоката.
Во доволни количини нема мумуруска, пченка, нема и тоа и во Македонија, ниту во соседна Србија и во сите околни држави. Заради сушата многу е намалено производството на мумуруската и за таа сметка ќе биде дополнета со пченицата - изјави Сарафимов.
Според него, прв пат се откупува пченица за стоковните резерви од индивидуалните земјоделци кои можат да предадат од 5 до 30 тони лебно зрно за стоковните резерви. Сарафимов очекува наредната година откупот на пченицата да биде порано, како што им ветиле од ресорното Министерство. Смета дека со ова ќе бидат и подобри цените за откуп на житните култури.
- Првпат се откупува пченица за стоковните резерви, порано можеше да биде и од друга држава. Првпат се откупува директно од индивидуалните производители, а истото ќе биде и со откупот на оризовата арпа за стоковните резерви, ќе се откупа за првпат - вели Сарафимов.
Според евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство годинава под пченица била засеани 70.000 хектари, а проценките се дека се произведени 280.000 до 300.000 тони пченица со што ќе се задоволат домашните потреби.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




