07 Октомври, 2024
0.0344

Откупот на стаж доби амин од Собранието

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Законските измени за пензиско и инвалидско осигурување со кои се предвидува откуп на стаж денес беа одобрени од Собранието.

Со овој закон осигуреникот кој бил во работен однос а не му е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 може сам за себе да изврши плаќање и да го оствари правото за  пензиското и инвалидското осигурување.

Значи сите оние кои сакаат да откупат стаж, а работеле во компании кои веќе не постојат треба да поднесат барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а стажот според она што го пренесуваат медиумите ќе се плаќа  по повластена стапка од 50 проценти од основицата за пресметка а приносот ќе чини околу 2800 денари.

Според Министерот Диме Спасов оваа законска измена ќе им помогне на многу граѓани кои се соочуваат со овој проблем.

– Ќе им помогнеме на голем број граѓани  кои најчесто во периодот на транзицијата, или поради затворање на компаниите поради стечај и ликвидација, не само што го изгубија работното место, туку и не им беа платени дел од придонеите за пензиско и инвалидско осигурување за периодот во којшто работеле, рече Спасов, потенцирајќи дека има огромен број лица кои се соочуваат со ваков проблем.

Оваа доброволна мерка ќе важи во период од една година и според Спасов граѓаните ќе си го откупат стажот кој ќе им влезе во основицата за пресметка на пензија во иднина.

Стечајците на почетокот реагираа за оваа законска измена. Тие сметаат дека подобро би било владата да им овозможи откуп на годините на старост отколку да го откупуваат стажот кој го изработиле, а не им е признат.

За разлика од нив пак, економистите велат дека оваа мерка ќе влијае поволно врз граѓаните, но претставува закана за Пензискиот фонд.

Со бранот нови пензии ќе се зголеми притисокот врз буџетот на Пензискиот фонд и ќе го доведе во прашање финансирањето на сегашните пензии. Познато е дека со години државата издвојува се повеќе пари за полнење на пензискиот буџет. Во 2013 година 50 отсто од буџетот на Фондот беше наполнет од државната каса. Со оваа мерка, која предвидува симболични износи за откуп на стаж, нема шанса да се обезбедат пари за новите пензионери. Тоа ќе доведе до натамошно продалабочување на дефицитот на Фондот и секако ќе ја загрози исплатата на пензиите на сегашните пензионери - сметаат економиски аналитичари.

Според некои пресметки на Владата, проблемот на 20 илјади граѓани на кои им недостига работен стаж за да остварат пензија ќе се реши со откупот на стаж.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип