Откупот на тутун се намалува?
Објавено во: Агробизнис
13 Март, 2014 19:52
Добивај вести на Viber
Откупните претпријатија размислуваат да го намалат откупот на тутун од годинешната реколта и ова веќе го најавиле денеска на координативен состанок со министерот за земјоделство Љупчо Димовски и претставниците на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.
Причина за ваквите планови се условите и пазарните поместувања. Министерот побарал откупувачите да достават прецизни податоци за количините ориентален тутун од реколтата 2014 година што планираат да ги преземат, но и да не се намалува бројот на кооперанти со кои ќе се склучуваат договори за откуп, туку само да се изврши корегирање на количините произведен тутун.
Во струмичко веќе се најавува дека откупот на овогодинешната реколта би можел да биде и до 40% понизок отколку ланскиот. Фирмите веќе не склучувале договори со сите тутунопроизводители, што предизвикува револт кај тутунарите, од кои за добар дел тутунот е единствена егзистенција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?