Откупот на земјоделски производи се зголемил – што најмногу се продаваше?
Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2016 13:50
Откупот и продажбата на земјоделските производи во земјата се зголемиле.
Во второто тримесечје од годинава откупот и продажбата на земјоделските производи се зголемени за 17.3% во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се однесува на градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија и добитокот.
Домати се продадени над 12.540 тони во наведениот период, јаболка скоро 6000 тони, ориз над 683 тони, млеко над 400.00 хекто литри и друго.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 3.5%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележан раст за 47.4%.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





