ОТПУШТЕНИ ОД РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОРОДИЛНО: Мајките бараат да бидат опфатени со мерките за продолженото породилно отсуство
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020
Дел од мајките кои
добија отказни решенија за време на породилното отсуство, бараат да им продолжи
исплатата, бидејќи во моментов, како што велат, ниту имаат работа, ниту имаат
каде да се вработат, а се останати и без исплатата за породилното отсуство.
-По објавената информација дека мајките на кои им го прекинаа договорот од работа додека беа на породилно, а добија решение за продолжено породилно отсуство, им се прекинаи исплатата на породилно и сега не можат да бидат опфатени со мерките за продолжено породилно, бараме и повторно реагираме дека не смееме да бидеме занемарени и незаштитени. Бараме и на нас да ни се продолжи со исплата на породилното отсуство, зошто не може да се одгледуваат деца со тој надоместок од 5000-6000 ден. Зошто да не можат да не плаќаат и нас. И нашите деца имаат право да растат здраво и безбедно како и сите други деца. Неможеме да се вработиме никаде, не оставија на милост и немилост без примања како знаеме да преживуваме, велат дел од мајките со решение за продолжено породилно на кои не им е продолжен договорот за работа.
Инаку, уште на 20.јуни, Владата на седница го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11 март годинава, а пред почнување на вонредната состојба на 17 март.
Со приложување на лична писмена изјава до работодавачите, покрај добиена потврда од матичен гинеколог, отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.