05 Декември, 2025
0.2438

Отстранети нелегалните рампи за наплата на паркинг во центарот на Охрид

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2013 12:44

Добивај вести на Viber

Локалната самоуправа согласно најавите утрово ги отстрани нелегално поставените рампи за наплата на паркинг-просторот во центрот на Охрид, за кои беше оценето дека го попречуваат нормалното функционирање на сообраќајот во најспецифичниот простор во градот. Од локалната власт уште најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе бидат извршени активности за отстранување на бетонираните основи на кои беа поставени отстранетите рампи и паркинг-апаратите.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески минатата седмица најави дека просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, додека како штетен ќе биде раскинат и договорот за закуп на паркинг-просторот.

- Компромис нема да има со никого, кога се работи за спроведување на законот и штитење на интересите на граѓаните на Охрид, стои во соопштението од Кабинетот на Бакрачески.

Според него, давањето на управување на паркинг-просторот на приватен субјект за локалната самоуправа претставува штетен договор, донесен под сомнителни околности, во нетранспарентна постапка и претставува акт на нарушување на интересите на општина Охрид и нејзините граѓани. Оттаму најавите дека општината ќе ги преземе сите законски средства да го раскине договорот.

Локалната самоуправа најави и покренување пријави против сите лица инволвирани во потпишувањето на договорот, односно субјектите кои со своите постапки свесно направиле злоупотреба на својата позиција, правејќи штета по имотот и угледот на општина Охрид.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј