ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА“ ВО МАЛА СТАНИЦА
Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2025 09:14
На 12 ноември 2025 година, во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“.
Биеналниот проект, со наслов „Колективна културна меморија: Постмеморија“, е кураторски концепт на д-р Ана Франговска, кој се фокусира на улогата на личната и колективната меморија во современата уметност.
Препознавајќи ја важноста на културата за развојот на заедницата, Касинос Аустриа Интернешенал Македонија обезбеди поддршка за проектот.
Со речиси четири децении традиција, колонијата „Галичник“ претставува уникатен модел што ги поврзува современата уметност, традицијата и локалното наследство. Преку темите „Колективна култура на сеќавање“ и „Постмеморија – Ехо на тишината“, уметниците од Македонија и од странство истражуваат како личните и колективните сеќавања, трауми и премолчени приказни продолжуваат да живеат низ уметничките практики.
На изложбата ќе бидат претставени дела од повеќе од дваесет уметници од Македонија, Австрија, Бугарија, Грција, Полска, Кипар, Србија, Косово, Холандија, Словенија и САД, реализирани во различни медиуми – слика, видео, објект, фотографија, текст и инсталација.
Меѓу учесниците се: Елиа Калогјани, Стефан Корнацки, Лучезар Бојаџиев, Кристине Ледерер, Дарко Алексовски, Ана В’чкова, Красимир Терзиев, Марија Анвандер, Клара Вит, Калина Димитрова, Иванчо Талевски, Марина Касианиду, Софија Димова, Никола Радосављевиќ, Дејан Крстиќ, Ивана Хостник, Клелија Живковиќ, Ренеа Беголи, Ил Џафери, Лука Судант и Данаи Белосиноф.
„Поддршката на вакви значајни културни настани е дел од нашата корпоративна стратегија насочена кон инспирација, духовност и заедништво. Нашата посветеност кон културата, уметниците и вредностите што го збогатуваат општеството останува наш постојан приоритет,“ – истакнуваат од Касинос Аустриа Интернешенал Македонија.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





