05 Декември, 2025
0.0416

Отворен ден за заштита на лични податоци при банкарски услуги во Тетово

Објавено во: Економија, Мои пари 26 Март, 2013 15:57

Добивај вести на Viber

Под мотото „Вашата приватност е сигурна со нас“ Организацијата на потрошувачи на Македонија и Дирекцијата за заштита на личите податоци денеска во Tетово организираа Отворен ден за заштита на личните податоци во делот на банкарските услуги.

Според Златко Јолевски од Организацијата на потрошувачи, целта е да се подигне јавната свест и да се информираат корисниците на банкарските услуги кои лични податоци може да се земаат и користат од банките, а кои не.

- Како пример може да се наведе состојбата на граѓаните постојано да им се бара копија од личната карта при која било трансакција или услуга додека според постојните прописи копија од лична карта треба да се достави само во трансакција на над 5.000 евра или при продолжување односно склучување договор со банката. Исто така, тука е и користењето на личните податоци од друштвата за наплата на долгови што се јавуваат во име на банките да ги потсетат граѓаните доколку доцнат со исплата на кредитот и слично, изјави Јолевски.

Отворените денови се реализираат во соработка со 10 банки и три друштва за наплата на долгови како и Народната банка на Македонија. Покрај Тетово опфатени се уште 5 градови во Македонија, Скопје, Кавадарци, Битола, Охрид и Струмица

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември