28 Април, 2024
0.0265

Отворен конкурсот за стипендии за школување во Меѓународната гимназија „Нова“

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Меѓународната гимназија „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување на стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денес (20 февруари) и ќе трае до 9 март, а ќе се одвива преку интернет-страницата на „Нова“ каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ќе треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по дванаесетти пат и наменети се за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од петто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.

Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување додека најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ке добијат најмногу 10 ученици. Сите пријавени кандидати ќе треба да полагаат тестови по англиски и математика и да напишат есеј на зададена тема. Најдобрите 8 кандидати ке бидат повикани на интервју пред стручна комисија. Од нив ќе се одберат трите целосни стипендисти.

Со цел да им се помогне на сите заинтересирани ученици во процесот на аплицирање, на 2 март ќе бидат организирани и работилници по математика и англиски јазик.

Oсвен целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава.Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија девет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД. 


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг