07 Октомври, 2024
0.0354

Отворен мултифункционален културен дом во Автокоманда

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Синоќа во населбата Автокоманда, во Општина Гази Баба, свечено беше отворен Културниот центар „Димитар Влахов“, во кој ќе бидат сместени културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање филмска музика на компанијата „Феимс“ од Франција.

Културниот центар е направен по пат на јавно-приватно партнерство, помеѓу Општина Гази Баба и француската компанија „Феим“, а беше отворен свечено во присуство на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, преставниците на компанијата „Феимс“, членови на Советот на Општина Гази Баба, градоначалникот на општината Борче Георгиевски и жители на општината.

Министерот Алаѓозовски посочи дека децентрализацијата во културата е еден од главните приоритети во Стратегијата на културата на оваа Влада, која се води од мотото: „Култура до сите-култура за сите“. „Со Стратегијата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме сите иницијативи на општините да основаат  нови културни установи или да го зголемат бројот на институции под нивна надлежност. Ја поддржавме Општина Гази Баба во трите различни иницијативи што ги има, а  во оваа насока ние сме отворени и кон предлозите на други општини од земјава“, истакна министерот Алаѓозовски.

По повод отворањето на центарот и меѓународниот Ден на театарот, беше изведена театарската претстава „Островот на скриеното богатствао“, на аматерскиот театар „Чекори“.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил