Отворена е постапка против истражителот на СЈО кој беше приведен
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Основното јавно обвинителство отворило постапка против истражителот А.Л. на Специјалното јавно обвинителство.
А.Л. во петокот фотографирал објект за кој имал индиции дека е во сопственост на поранешниот началник на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Лицето бегало и не сакало да се легитимира за постапките и овластувањата кои ги имало, соопштуваат од јавното обвинителство.
Според обвинителството, лицата (истражител и А.Е. приватен детектив од Берово) немале судска наредба за снимање и поради тоа биле повикани на разговор во полициската станица Центар во Скопје, каде случајот е документиран.
По интервенција на специјалната јавна обвинителк, Катица Јанева подоцна истражителот е пуштен од полициската станица Центар.
Истражителот дал изјава дека бил на работна задача и дека постапувал по наредба на Јанева.