07 Декември, 2025
0.0438

Отворена постапка за одговорност за судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот од ОВК - Блерим Рамадани

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024 18:01

Добивај вести на Viber

Комисијата за утврдување одговорност отвори постапка за Пајазит Пајазити, контроверзниот судија кој му додели домашен притвор кај роднини наместо ефективен притвор на Блерим Рамадани, поранешниот член на ОВК, кој потоа избега на Косово иако беше баран од Србија преку Интерпол и требаше да биде екстрадиран од македонските власти.

Комисијата одлучувала вчера по ова прашање по барање на членот Александар Камбовски во расправа зад затворени врати. Понатаму Комисијата ќе треба да закаже датум за одржување главна расправа, а потоа да изготви извештај за утврдување на фактичка состојба. Извештајот ќе треба да се достави до Судскиот совет, што претставува и последната фаза од овој случај кога ќе се знае судбината на судијата Пајазити, – дали тој ќе биде разрешен од судиската функција, дали ќе му се изрече предупредување или пак парична глоба. 

Пред два месеци Судскиот совет утврди пропусти во постапувањето на Пајазити во случајот со екстрадицијата на поранешниот припадник на ОВК. Советот констатираше дека токму судијата Пајазити ја заменил мерката ефективен притвор за Рамадани со домашен без да даде дополнителни објаснувања за причините и не го утврдил начинот на кој полицијата ќе го врши надзорот и на крај Рамадани побегна од државата. 

Вчера неговото барање, беше прифатено. Покрај Камбовски, во Комисијата која ги утврди пропустите на Пајазити и треба да го води случајот до носењето на конечната одлука се и членовите Лорета Георгива и Мирсад Суроји. Мандатите на Георгиева и на Суроји во советот истекуваат на 18 декември, а од Судски досега не одговорија дали тие ќе биде заменети со друг членови ако дотогаш не биде донесена одлука од страна на Комисијата.. На главната расправа за барањето одговорност од судијата,можност за своја одбрана ќе има и самиот Пајазити кој ќе треба да биде присутен на седницата.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски