05 Декември, 2025
0.0289

Отворена предстечајна постапка за велешки „Жито Вардар“

Објавено во: Агробизнис 15 Јули, 2014 08:55

Добивај вести на Viber

Групацијата Жито Вардар е  најголема во месната индустрија во Македонија. Нејзиното работење има значајно влијание и врз другите фирми во земјата. Централниот регистар донесе одлука за отворање предстечајна постапка во Жито Вардар јави порталот емагазин. Централниот Регистар на Република Македонија преку регистраторот Добре Наунов, постапувајќи по пријавата за упис на Постапувајќи по службена должност за упис на решение Ст.бр.215/14 од 09.07.2014 година на Основен суд Велес за поведување на претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот Друштво за производство и промет на млинарско пекарски производи и сточна храна Жито Вардар АД увоз извоз Велес, согласно член 59 од од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (‘Службен весник на РМ” бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11,53/11 и 70/13), донесе решение за отварање предстечајната постапка. Лани најголемиот агрокомбинат Жиро Вардар го преполови производството на свинско месо. Тогаш бизнисмените од овој сектор преудпредија дека целата состојба со Жито Вардар ќе се одрази негативно врз вкупното производство на свежо свинско, не само кај големите туку и кај малите фарми, тоа се случи, а некои месарници беа принудени да стават и клуч на врата. Жито Вардар има фарми и погони ширум целата држава. Компанијата управуваше со фабрика за сточна храна, пекара, мелница, ресторант и пица бар со што сите заедно преставуваше ланец од 24 малопродажни продавници. Жито Вардар поседува седум подружници и тоа: Жито Малес АД Берово, Мак Месо АД Штип, Винеам АД Виница, Црвени Брегови АД Неготино, Живинокомерц АД Штип, Жи-Ва АД Штип и Зрнотрејд ДООЕЛ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?