05 Декември, 2025
0.0430

Отворени денови на деловна едукација во Македонија

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2013 15:21

Добивај вести на Viber

Денеска и утре се одржуваат отворени денови на деловна едукација. Експерти од Македонија и регионот ќе ги претстават новите вештини во повеќе области како  финансиите, човечките ресурси, продажбата, маркетингот, набавката и логистиката.

Посебно внимание, како што беше посочено на денешната средба со новинарите,  ќе се посвети на тоа како треба да се мотивираат вработените во услови на економска криза, а присутни се повеќе од 200 компании и поединци од земјава, кои се заинтересирани за примена на новитетите во деловната комуникација во фирмите и во релациите и односите меѓу нив. Станува збор за претставници на висок и среден менаџмент, кои се во постојан контакт со своите вработени - шефови на сектори и служби, супервизори, координатори, секретари, лидери на тимови, односно  раководители од сите профили (финансии, продажба, маркетинг, производство) и области (економија, банки, осигурување, државни органи, локална самоуправа).

Тања Сориќ од Хрватска порачува дека најважно е во услови на криза да ги мотивираат вработените и покрај намалувањето на платата. Смета дека тоа треба да се направи преку пофалба на вработените за сработеното.

Отворените денови ги организира Трипле С Гроуп. Идејата, како што посочуваат, произлезе од потребата на компаниите да имаат повеќе знаење.  - Во услови на економска криза, која ја зафати и Република Македонија, настанаа промени и во компаниите во земјава, во смисла на оптимизирање на трошоци, намалени приходи на вработените, намалување на бројот на вработени, кратење на редовните активности, кои претставуваат поддршка на кадарот за поголема ефикасност во хиерархиската поставеност за постигнување на целите на компаниите. Од друга страна, според спроведени анализи, утврдено е дека компаниите, кои немаат развиено култура на деловна комуникација, на пазарот се пробиваат многу бавно, сметаат од Трипл С Груп.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker