„ОВА Е ДОСЕГА НЕВИДЕНО“: Левица поднесе претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за изборите
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2025 16:22
Левица денеска до АВМУ, ДИК, ДЗР, ДКСК и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација достави претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.
„Во прилог на овој меил, во целост Ви ја испраќаме Преставката (забелешките и правното мислење по повод противуставноста и политичката дискриминација на Нацрт-упатството за ППР) која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, велат од Левица.
Од таму посочуваат дека реагираат на Нацртот, со став дека Упатството е скандалозно и досега невидено.
„Со оваа претставка реагираме по повод Нацртот на новото скандалозно и досега невидено и нечуено Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое е произволно, паушално и противправно толкување и извитоперување на смислата и духот на законските одредби. Со ова Упатство се создаде драконски рестрективна правна интерпретација, невиден скандал во историјата на независна плуралистичка Македонија и за прв пат на една легална регистрирана партија ќе и биде забрането да се рекламира дури и со свои пари. Ова е еклатантен облик на директна политичка дискриминација и повреда на еднаквоста и рамноправноста“, известија од Левица.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




