Ова е главниот човек за клучните Гугл производи
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2014 18:37
Според извештаите на сајтот Re/code, Сундар Пичаи (актуелниот потпретседател во Гугл, задолжен за Хром, Андроид и веб апликации) сега добива контрола над речиси секое одделение на Гугл производи.
Според досегашните информации, Лари Пејџ, извршниот директор на компанијата Гугл, на Сундар Пичаи му дал контрола над „Search“ , „Google+“, „Ads“,инфраструктурни и други проекти.
Ваквата одлука не е изненадување. Сундар е ветеран во компанијата Гугл, во која е веќе девет години а неговите работни одлуки и водство значајно допринеле за разојот и компанијата н Гугл.
Треба да потсетиме и дека Сундат Пичаи своевремено беше и еден од главните кандидати за лидерската позиција на Мајкрософт, после заминувањето на Стив Балмер. На крај извршен директор на Мајкрософт стана Сејт Надел. Се очекува сите проекти да не бидат под покритие на Пичаи.
Јутјуб и понатаму останува под контрола на Сузан Војчички, додека Пејџ под своја закрила и понатаму ги држи „ internet-of-things“, биотехнолошки иновации, „Google X“ и друго.
Re/code забележува дека Лари Пејџ повеќе е заинтересиран за проекти на „долга стаза“, кои го дефинираат Гугловиот поглед на иднината и иновациите, па овој сегмент на компанијата никако нема да биде запоставен.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




