Ова е хрватското економско чудо!
Објавено во: Балкан 25 Март, 2014 08:15
Станува збор за мала општина со голема индустрија. Во ова место веке век и половина се живее од стакло. Стакларата „Стража“ одсекогаш била симбол на ова место и извор на егзистенција. Денес е во рацете на швајцарски газда.
„Ветропак Стража“, варботува 607 работници, произведува три стакларски печки на 11 производни линии, 250 илјади тони стакло или 950 милиони боци годишно. Воз, тегли, па дури тракторите се опремуваат со стаклени производи од Хум. Од производството 70 отсто се извезува, со тоа што 80 отсто од извозот завршува на просториите на поранешна Југославија.
Но ова не е едниствениот стакларски гигант од ова место, овде е и „OMCO“, кој по реорганизацијата во 1990-та година се одвоил од „Стража“.
Малку е познато дека секоја десета боца во светот излегла токму од оваа општина, но и тоа дека „OMCO“ секоја година вработува цело едно оделение металци. Фирмата е во сопственост на Белгијци, се работи во три смени, а вработените добиваат и 13-та плата. Просечната нето плата е 5.500 куни, нешто повеќе од 720 евра.
Развиена општина, вработени граѓани, висок наталитет. Дури 60 деца се на листа на чекање за во градинка, се наведува во репортажата на HRT.
Со силна индустрија, добар стандард, висок наталитет и скоро без невработени, Хум на Сутли представува вистинско хрватско чудо во вистинската смисла на зборот.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




