Ова е изгледот на новите планирани барок-фасади во Центар
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2014 09:03
„Објектите чии фасади се предмет на реконструкција и предмет на оваа Одлука се опфатени и со Програмата за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на градот Скопје. Сите предложени фасади се избрани по спроведени конкурси за избори на идејни архитетонски решенија. Во конкурсните комисии активно учество земаа станарите – сопственици на станбените/деловните простории, а при изработката на основните проекти беа земени во предвид сите барања и потреби на станарите чии фасади се предмет на реконструкција. Во проектната документација – изработените основни проекти за реконструкција на фасадите се вклучени и согласностите од станарите заврени на нотар со кои даваат согласност за реализација на основите проекти за реконструираните фасади“.Ова стои во образложението со кое се предлага Советот на Град Скопје да ја усвои Одлуката за утврдување на изгледот на фасади на објекти на подрачјето на Градот Скопје. Според Програмата за развој, реконструкцијата на фасадите на зградите во центарот на Град Скопје ќе продолжи и во следните 3 години. За оваа намена во годинешниот буџет на Град Скопје се предвидени близу 2,3 милиони евра, во 2015 година околу два милиони евра, а во 2016 за реконструкција на фасадите се предвидени 2,1 милиони евра. Стилскиот правец е неокласицизам. Во ланскиот буџет за реконструкција и промена на надворешниот изглед на постоечките зданија во центарот на Скопје беа издвоени нешто повеќе од 1,8 милиони евра. Еве дел од идејните решенија за новите фасади на објектите во центарот на Скопје, предвидени со последната Предлог-одлука на Градот.
Пред една година во Програмата за развој, Градот најави дека ќе се реконструираат речиси сите фасади во центарот на Скопје, за некои дури беше образложено дека ќе добијат и доградби. Според планот, освен зградите на улиците “Македонија”, “Никола Вапцаров” и “Димитрие Чуповски”, со фасадирањето во неокласицистички стил, ќе бидат опфатени и објектите по должина на улиците “11 Октомври” и “Максим Горки”, зградите околу плоштадот Карпошово востание, фасадите по должина на булеварот Илинден, односно од Влада до фонтаната во Градскиот парк и објектите на Кејот 13-ти Ноември, но и кулите во Градскиот трговски центар, за кој пак исто така е предвидена барокна фасада.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





