ОВА Е НАЈИСПЛАТЛИВА ОВОШКА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ: Се што ќе вложите, ќе ви се исплати
Објавено во: Агробизнис 21 Јуни, 2016 13:57
Богат род, неограничен пласман, високи откупни цени и европска заработка го прават одгледувањето на малини исплатлив агробизнис.
Во однос на еколошките услови малината е доста специфична култура и поради тоа пред да се одлучи да се подигне насад потребо е да се анализираат еколошките услови кои во голема мера го детерминираат успехот на насадите. Најдобри локации за насади од малина се во зоната на буката, на ритско планинските предели и на надморска висина од 300 до 1000м.
За успешно одгледување на насадите од исклучително значење се почвените услови на локацијата. Оваа култура најдобри резултати дава на длабоки, растресити, пропустливи, слабо кисели почви со pH 5.5 до 6.5, и почвите со содржина на хумус од 3 до 5%. Малините особено лошо реагираат на плитки, лесни, суви, варовити, каменливи, многу кисели, алкални, тешки и мочурливи почви.
Најдобри услови за малината се реоните со умерено-континентална клима, во умерено влажни и умерено топли подрачја без големи осцилации на температурата. Од климатските елементи од посебно значење се светлина, топлина, врнежи и ветар. Малините не поднесуваат засенчени места, но неподнесуваат ниту места изложени на многу сонце. Во текот на зимата изданоците од малина измрзнуваат на температура испод -18°C, а особено ако вакви ниски температури се јавуваат на голомразица. Малините не поднесуваат сушни услови. Тие добро успеваат во реони со годишни врнежи од 700 до 1000 мм, од кои половина да се во период на вегетација. Доколку нема доволно врнежи во насадите треба да се обезбеди наводнување. Малините исто така не поднесуваат многу ветровити локации.
Кај нас ридестите и планински предели нудат огромен неискористен потенцијал за одгледување малини.
Анастас Ристески од Крушево е меѓу првите посериозни производители на малини .
Тој за неговиот успешен бизнис вели дека пазарот е неограничен, а количински не можеме само домашните преработувачи да ги задоволат.
Од неговото искуство може да се научи доста а освен советите кои ги дава бесплатно, на располагање има и квалитетни садници.
– За подигнување на 1 хектар потребно се околу 5.000 евра. Во овие пари влегуваат 10.000 садници и се што е потребно за насадот со малини од систем капака по капка, шпалир, колци до подготвување на почвата. За пристојна егзистенција доволни се 5 декари, а целата инвестиција се враќа во четвртата година – вели Ристески и додава дека производството е тешко а за почетниците најважно е да обезбедат квалитетен саден материјал и прво да го обезбедат пласманот.
Во светот постојат повеќе од 1200 сорти малини. Постојат сорти со црвено, жолто и црно обоени плодови. Исто така постојат сорти кои раѓаат еднаш во годината (еднородни сорти) и сорти кои раѓаат двапати годишно (двородни сорти). Во производството најмногу се одгледуваат сорти со црвено обоени плодови. Поважни еднородни сорти со црвено обоени плодови се: виламет, микер, градина малинк експлоид, скина и други. Од двородните сорти поголемо значење имаат сортите: heritage, september, autumn bliss, љуљин и други.
Доколку планиравте да започнете сопствен бизнис идеја веќе имате, а доколку сте регистриран земјоделец може да аплицирате и за субвенции од државата кои се однесуваат на овошни и лозови насади.
И.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





