(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена
Објавено во: Свет 02 Декември, 2025 20:40
Во Виена е убиен 21-годишен украински студент, кого родителите минатата среда го пријавиле за исчезнат.
Неговото тело е пронајдено околу 00:30 часот во виенски округ, откако граѓаните пријавија пожар во Мерцедес со украински регистарски таблички. Пожарникарите го открија телото на младиот човек на задното седиште од возилото дури откако пожарот беше изгаснат.
Се покажа дека автомобилот не е местото на убиството. Според анализата на последните часови од животот на младиот човек, првото место на злосторството била подземната гаража на луксузниот хотел Софител, каде неколку лица го нападнале. Снимките од безбедносните камери ја потврдија бруталноста на нападот, а на телото на жртвата имало сериозни повреди и обемни изгореници.
Австриската полиција, во соработка со украинските власти и Европол, уапси две лица – 19-годишен и 45-годишен Украинец. Првично, се сомневаше дека злосторството може да биде поврзано со неговиот татко, заменик-градоначалникот на Харков, но беше исклучен политичкиот мотив. Потоа истрагата се фокусираше на парите. По нападот, од паричникот за криптовалути на жртвата е подигната голема сума, а кај еден од осомничените беше пронајдена поголема сума американски долари.
Полковникот Герхард Винклер од Виенската криминалистичка полиција, вели дека телото е запалено за да се прикријат доказите. Телото било изгорено за 80 проценти, а задушување или топлотен удар се можни причини за смртта. Истражителите пронашле растопен резервоар со бензин и траги од катализатор во возилото, што на крајот ги довело до видеото од бензинската пумпа и идентитетот на сторителите.
Двајцата осомничени избегале во Украина по злосторството. Австрија нема да може да ги екстрадира, па затоа постапката ќе се води пред украинското судство, на кое случајот официјално ќе му биде префрлен.
foto EPA/MAX SLOVENCIK
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск




