„ОВА Е ТОА ШТО ГО ОЧЕКУВАА И ЗА ШТО ГЛАСАА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА“ - Зоран Јовановски за акциите на МВР за гонење на криминал
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024
Граѓаните, но и бизнисот, позитивно реагираат на најновите акции на Полицијата и органите на прогонот за сузбивање на криминални групи, но и серијата претреси кои се вршат за гонење на организиран криминал.
„Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи“, пишува Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.