ОВА Е ЗАКЛУЧОКОТ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА СДСМ: Партијата ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани!

Објавено во: Македонија 27 Март, 2025 10:15
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи.
Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.
Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.
„Селективноста не е правда туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последници со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истргата на селективен начин.
СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селеквтивност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви.
Во оваа насока СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку Анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани.
Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април“, информираа од партијата.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - троција членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против
Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале

„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“
„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Водостојот на реките уште ќе расте, внимателно движење покрај реките и суводолиците

МАРКОВА РЕКА НАПРАВИ ХАОС: Поплавени делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

ЛИЧНО ИМАМЕ ПОБАРАНО ОД ГРАДОТ ДА ГО ИСЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИ: Од Град Скопје велат „немаме надлежности“

ВЕРОЈАТНО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПОСЕТАТА НА ДЈ ВЕНС НА ГРЕНЛАНД МИНА КАТАСТРОФАЛНО, НИКОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА АЕРОДРОМОТ ДА ГО ДОЧЕКА: „Да беше кај нас ќе се потепаа кој да го дочека“, вели Ванковска
