ОВА Е ЗЕМЈАТА СО НАЈДОЛГО РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ЕВРОПА: Работниците работат и до 50 часа неделно
Објавено во: Економија 13 Мај, 2023
Вработените во Албанија, и мажи и жени, имаат најдолго работно време во Европа.
Кај мажите достигнува и до 50 часа неделно, додека жените во таа земја работат околу 45 часа неделно, пренесува Кљан Косова.
Овие податоци беа објавени во неодамнешниот извештај на Европската комисија за работните услови и идните импликации, врз основа на истражување што се спроведува еднаш на секои пет години со анкетирање на 70.000 работници во 36 европски земји.
Ова ги вклучува земјите-членки на ЕУ, како и Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Долгите работни часови во Албанија се чини дека се поврзани со два фактори. Едниот е викенд работа, а другиот е високото ниво на самовработени, што во Албанија е околу 36 отсто од вкупниот број вработени, што е рекорд во регионот, пренесува Косово онлајн.
Според истиот извештај, во просек во земјите членки на ЕУ, мажите работеле нешто повеќе од 42 часа неделно, додека жените околу 37 часа. Класичната недела од 40 часа остана стандардна во 2021 година во огромното мнозинство земји, освен Франција (35 часа), Данска (37 часа), Норвешка (38 часа) и Швајцарија (42 часа). Околу 20 отсто од сите работници (31 отсто од жените и 12 отсто од мажите) работеле 34 часа или помалку неделно.
Во текот на 2021 година, околу половина од мажите и жените работеле помеѓу 35 и 40 часа неделно. Самовработените трошеле во просек 6,4 часа повеќе на платена работа (4,3 часа повеќе за жени и 6,9 часа повеќе за мажи) од другите вработени.
Во извештајот се наведува дека долгите работни часови се поврзани со здравствени состојби како депресија, анксиозност, нарушувања на спиењето и коронарна срцева болест и можат да влијаат на рамнотежата помеѓу работата и другите аспекти од животот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.