ОВА ГО ИМА САМО ВО ЈАПОНИЈА: Користат само половина од годишниот одмор, еве и зошто...
Објавено во: Свет 14 Декември, 2017
Работниците во Јапонија користат само половина од годишниот одмор, а за тоа време имаат грижа на совест, покажува најново истражување.
Околу 63% од нив тврдат дека имаат грижа на совест додека се на одмор.
Според истражувањето на Експедија, Јапонците се последни во светот од 30 земји. Тие користат одмор од само 10 дена.
Јапонците велат дека избегнуваат долг годишен одмор затоа што недостигаат работници, а воедно се солидаризираат со колегите.
33% рекле дека не знаат дали нивниот работодавец ќе одобри одмор.
Слични ставови имаат работниците во Сингапур и Јужна Кореја.
Најмала грижа на совест затоа што земаат одмор имаат граѓаните на Италија, Мексико, и Шпанија.