„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ, ТУКУ АКТ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО“: УСС-УКИМ со остра реакција за снимање на студентки во студенскиот дом Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 08:39
Остра реакција утрово исрпатија утрово од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (УСС-УКИМ) по информациите за снимање и сликање на студентки додека се тушираат во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
- Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права - се вели во рекацијата на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (УСС-УКИМ).
Додаваат дека „она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава“.
- Зад ваквото однесување стои систем што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет, како и култура што често молчи пред понижувањето и траумата што тие ја преживуваат. Бараме итна и темелна истрага, одговорност од сите инволвирани институции и јасен план за заштита на студентките.
Без одложување треба да се воспостават безбедносни протоколи, психолошка поддршка и механизми за пријава на вакви случаи, и задолжителни обуки за родова чувствителност за управите на домовите.
Нашите студентски домови мора да бидат катчиња на сигурност, не на страв. Секој кој мисли дека има право да ја наруши приватноста и да го сексуализира телото на една идивидуа треба да знае — ќе одговара - напоменуваат во рекацијата од УСС-УКИМ.
Потоа додаваат дека овој случај ја разоткрива итната потреба од промена на културата што дозволува насилството врз жените да биде премолчено.
- Академската заедница има морална и институционална обврска да се постави против секоја форма на деградација и злоупотреба на женското тело. Безбедноста на студентките не е административна категорија. Ниту една жена не треба да се срами што некој ѝ ја повредил интимноста. Срамот треба да смени страна - завршува на крајот сооштението од УСС-УКИМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





