20 Декември, 2025
0.0660

ОВА НЕ ГО ПРИЈАВУВАМ ВО ПОЛИЦИЈА, БИДЕЈЌИ НЕМА ДА ЈА СФАТАТ СЕРИОЗНО ЗАКАНАТА - човек од Мешеишта се заканувал дека ќе ја нападне со огнено оружје британската амбасадорка

Објавено во: Македонија 26 Април, 2022 11:57

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело - Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 14 април, се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина: „Британската амбасадорка во Скопје ќе биде напдната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“. По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки