Ова не го знаете: З0 интересни факти за Русија
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2014
Името на Русија потекнува од стариот народ Руси, групата Варјага (можно шведски Викинзи), кои ја основале Кралска Русија. Русија(rus. Росси́я), официјално Руска Федерација е сојузна држава кој се простира преку огромни пространства на источна Европа и северна Азија...
Винстон Черчил во далечната 1939 година за Русија рекол дека Русија е загатка замотана во мистерија внатре во енигмата. И ден денеска многу негови зборови се сметаат за точни. Ако не знаевте Русија по бројот на жители е седма на светот и Русите од забава берат печурки.
И уште многу работи ќе дознаете доколу ги прочитате интересните факти и занимливости за Русија и Русите во продолжението на овој текст ...
1. Пивото не се сметало за алкохолен пијалок се до 2011 година. Дури во 2011 тогашниот претседател Димитриј Медведев ставил потпис според кој пивото е алкохолен пијалок.
2. Еден од петорица руски мажи умираат пред 55 -от роденден. Очекуван животен век на руски маж е 64 години.
3. Во рускиот јазик нема збор за зборот „забава“ или „приватност“.
4. Со површина од 17.075 км2, Русија е најголемата земја на светот.
5. Некои мечки во Русија “се зависници“ на авионско гориво поради заостанатите контејнери керозин и бензин во далечните источни региони.
6. Само во градот Санкт Петербург се наоѓаат 221 музеј, 2000 библиотеки, повеќе од 80 кина, преку 100 концертни сали и голем број на културни институции.
7. Екстра богатите жители на Москва понекогаш се возат во колите на итната помош за да избегнат сообраќајна гужва.
8. Езерото Бајкал е најдлабокото езеро на светот и најголем резервоар на слатка вода од Земјата.
9. Русија се простира во 11 временски зони.
10. Пред патување Русите неколку секунди седат во тишина.
11.Москва е најголемиот град во Европа со популација од 10,5 милиони и има најмногу милијардери на светот.
12. Според легендата Русите го избрале христијанството а не исламот бидејќи не сакале да се откажат од алкохол.
14. Иако христијаните го сочинуваат поголемиот дел од поплуацијата, Нова година е поголема работа од Православниот Божиќ.
15. Руската државна библиотека е најголема во Европа и втора во светот, после Конгресната библиотека во САД, се наоѓа во Москва и е основана во 1862 година.
16. Вкупната должина на ѕидовите на Кремљ е 2235 метри.
17. Во Русија 1159 жени се на 1000 мажи.
18. Московската Катедрала Христос Спасителот со 150 метри височина е највисоката православна црква во светот.
19. Русија има најдолга граница на светот, се граничи со 14 земји: Азербејџан, Белорусија, Кина, Естонија, Финска, Грузија, Казахстан, Северна Кореја, Летонија, Литванија, Монголија, Норвешка, Полска и Украина.
20. Русите ист збор користат за да кажат да се стане здрав и да се стане дебел.
21. 75 посто од руската територија е во Азија.
22. Сибир зазема околу 5,2 милиони квадратни километри, 25% шума на светот се наоѓа во Сибир.
23. Таткото на модерната телевизија бил руски електронски инжиниер и пронаоѓач Владимир Зворикин, кој емигрирал во САД во 1919 година.
24. Руските резерви на природен плин се еквивалентна величина на 13,2 милијарди олимписки базени!
25. Транссибирската железница, е најдолга пруга на светот. Оваа магистрала поврзува 2 дела на светот, 12 области и 87 градови, и е долга 9.288,2 км.
26. Русија е мултинационална држава, според последниот попис на жители од 2002 година во Русија се издвоени 180 националности.
27. Во Русија постојат околу 600 универзитети.
28. Русија е вториот најголем извозник на нафта во светот.
29. Западната Сибирска Рамнина е најголема рамнина на земјата.
30. Руските плински, нафтени и останати цевки имаат вкупна должина од 259.913 километри, што значи дека можат шест пати да ја заокружат Земјата!