Ова парче месо чини 3.000 евра, еве зошто...
Објавено во: Агробизнис 12 Октомври, 2016 14:18
Францускиот месар Александар Полмарда нуди месо кое е најскапо на светот.
Овој млад месар има бизнис кој трае со децении и одгледува добиток. Бизнисот е основан во 1846 година.
Тој месото го изложува на третман кој го нарекува „хибернација“ така што пушта студен воздух со брзина од 120 км на час на температура од -43 степени.
Ова овозможува месото да се чува долго, но да не губи од квалитет.
Месото од ребра од 2000 година има цена од 3.000 евра.
Месарот вложува милиони евра во кланица, а неделно убива по четири крави.
Иако цената е висока, сепак купувачи има и чекаат со месеци за да резервираат од ова месо. Пред да купат луѓето доаѓаат на фармата затоа што се работи за нијанси и вкусови. Кланицата и фармата се наоѓаат во францускиот град Лорен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





