Добивај вести на Viber
Министерството за труд и социјална политика денеска објави дека и 6 мај-првиот ден по Велигден ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. Неработен ден е и 1 мај, понеделник, Денот на трудот. Како и 3 мај, Велики петок е неработен за сите граѓаните од православна вероисповед.
На работа нема да се оди ниту на 24 мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Неработен ден е и 23 мај, но за припадниците на влашката заедница.