Ова се новите 50 евра…
Објавено во: Стил 05 Јули, 2016
Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 50 евра, која треба да ја замени најчесто фалсификуваната банкнота.
Таа е со портрет од ликот на богињата Европа од грчката митологија, има подобри безбедносни карактеристики и прозор кој станува транспарентен кога банкнотата ќе се сврти на светло. Банкнотата ќе биде пуштена во оптег во април 2017 година.
Секоја банкнота ќе има век до четири години, а за изработка ќе бидат потрошени од шест до десет евроценти.
Во последните 15 години четири пати е зголемено користењето на банкнота од 50 евра и сега се во оптег се 8,5 милијарди банкноти, што укажува на стабилен раст во Германија и Австрија.
Просечен Германец во секое време во паричникот има околу 100 евра, а таму доминира плаќањето во готово. Германците и Австријците во 80% од случаите плаќаат во готово.
Тој процент во САД е под 40%, а во Шведска околу 20%.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.