ВРЕДИ 30.000 ЕВРА: Во Косово спречен шверц на стока од Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 18 Декември, 2024 16:46
Царината на Косово соопшти денеска дека спречила случај на шверц од Македонија во Косово, при што запленила стока вредна 30 илјади евра, без никаков документ за потеклото на истата.
Во соопштението на косовската Царина се наведува дека, „при тактички проверки и операции на терен во граничниот појас меѓу РК и РСМ (Република Косово и Република Северна Македонија), на подрачјето на општина Витина“, царинските единици запреле две транспортни возила со локални регистарски таблички со возачи државјани на Косово.
„При контролата откриена е комерцијална стока шверцувана од РСМ за која не поседувале никаков документ за потеклото“, се вели во соопштението.
Се наведува и дека царинските единици извршиле проверки во магацин во Приштина, сопственост на осомничените.
Од наведените единици е извршена проверка и во Приштина во магацинот на осомничените, при што наишле на разна комерцијална стока без потекло и без соодветна документација. Стоката е одземена и испратена на царински терминал за понатамошно постапување. Вредноста на стоката на пазарот е над 30.000 евра без да се пресметаат царинските затајувања.
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




