Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен
Објавено во: Економија 18 Декември, 2024
Лазо Узунчев,генералниот директор на АД ЕСМ, денеска како одговор на новинарско прашање рече дека е објавен нов повик на кој се бара нов оператор наместо „Марковски Компани“ со кого РЕК Битола го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во вредност од 46 милиони евра.
Договрот со „Марковски Компани“ беше постигнат во февруари годинава, но РЕК Битола го раскина неодамна еднострано поради негово непочитување од страна на операторот.
- ЕСМ изминатиот петок објави нов јавен повик кој ќе биде со краток рок кој ќе трае 20 дена. „Марковски Компани“ нема да може да учествува затоа што има негативна референца, изјави Узунчев и додаде дека засега нема информација дека „Марковски Компани“ би поднел жалба или би отпочнал некаков друг акт против едностраното раскинување на договорот.
Генералниот директор на ЕСМ рече дека не било програмирано државните електрани да побараат пари од „унгарскиот кредит“, па затоа на тоа му претходело задолжување од 82 милиони евра кај домашните банки.
- Тоа е најдобар можен кредит по најдобри услови. Отплата од 10 години со две години грејс период. Средствата од унгарскиот кредит веќе беа предвидени за други намени, рече Узунчев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.